Сите знаеме колку е добро да се смееме. Смеата и тоа како позитивно влијае на психофизичкото здравје. Да бидеме насмеани не само денес, смејте се секој ден и бидете среќни.
Студијата на британските психолози покажала дека луѓето со силна смисла за хумор живеат во просек до 10 години подолго. Бројни истражувања дошле до заклучок дека смеењето е најефективниот вентил со кој се ослободуваме од негативните чувства.
– Смеењето ги намалува хормоните на стресот и го зголемува протокот на крв, а со тоа го штити срцето и го зајакнува имунолошкиот систем. Во мозокот се ослободуваат ендорфини, а тие прават да се чувствуваме добро и позитивно и до еден час подоцна – објавија во ” Women’s Health”.
Освен тоа, смеењето може да не подмлади и да не направи попривлечни во општеството. Кога се смееме, се активираат над 300 мускули во телото – покрај оние на лицето, се активираат и мускулите на грбот и стомакот.