Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 81 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, три мерки возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author