Полициски службеници на СВР Тетово во текот на вчерашниот ден (02.05.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот спровеле засилена акциска контрола за престигнување, во која биле санкционирани вкупно 52 прекршоци (ТЕ-36 и ГВ-16). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на престигнување на забранети места (ТЕ-33 и ГВ-15), а со соодветни поднесоци санкционирани се и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите да престигнуваат само на дозволени места и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот и особено да не престигнуваат на полна линија и непрегледни места.