Во текот на вчерашниот ден (04.09.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Кисела Вода во Скопје. При контролата санкционирани се 45 возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот-соопштуваат од МВР.