Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 332 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 166 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.