Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за некористење на сигурносен појас.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 13 мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање првенство на минување на пешаци, една санкција за возач почетник…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.