Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска (16/17 септември) од 22 до 4 часот спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се санкционирани 25 возачи (ТЕ-14 и ГВ-11). Кај двајца возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) утврдени се над 2 промили алкохол. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци.При контролата, исто така, биле санкционирани и 19 други видови на сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-11).

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохол, затоа што алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот- соопштуваат од МВР. 

By Author