Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 39 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.


Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…


Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author