Во текот на изминатата вечер (01/02.07.2023)во периодот од 23.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила-соопштуваат од МВР.