Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

By Author