Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (23/24 септември) од 23 до 5 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани се 20 возачи(ТЕ-15 и ГВ-5) кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот. Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-1).
СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол затоа што управувањето под дејство на алкохол ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот-соопштуваат од МВР.