Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 12 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две за возач почетник.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 22 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author