Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.