Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за користење мобилен телефон…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.