Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.