Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 14 мерки возење без возачка дозвола, 21 санкција за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author