Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за непочитување на првенство на минување.
Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.