Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 18 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.