Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта=соопштуваат од МВР. 

By Author