Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за управување под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.