Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возач почетник, четири мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.