Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас, 11 санкции за управување под дејство на алкохол..

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author