Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, четири мерки за непрописно престигнување, 14 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се четири санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила….
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.