Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, осум мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author