Во текот на вчерашниот ден (13.06.2023) во периодот од 14.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 147 возачи. Од нив, 95 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 31 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 176 други видови на сообраќајни прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштуваат од МВР.