Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.