Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, три мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author