Во текот на изминатата вечер (22/23.01.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 129 возачи. Од нив, 23 на територијата на СВР Скопје, 17 на територијата на СВР Тетово, 15 на територија на СВР Струмица…
Во времето од 22.00 часот на 22.01.2022 година до 04.00 часот на 23.01.2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Притоа, било констатирано дека 15 возачи, од кои 6 во Струмица, 5 во Гевгелија и 4 во Радовиш управувале моторни возила под дејство на алкохол и истите биле соодветно санкционирани.
Вчеравечер (22/23 јануари) од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол.Во контролата откриени и санкционирани се 17(ТЕ) возачи под дејство на алкохол и на сите им се изречени соодветни санкции.
Покрај ова, при контролата биле откриени и санкционирани и 20 (ТЕ-13 и ГВ-7) други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со законски предвидените поднесоци.
Полициски службеници од СВР Битола на ( 22/23.01.2022) од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол . Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштуваат од МВР.