Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.