Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.