Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.