Во текот на изминатата вечер (27/28 мај) од 21 до 3 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 возачи (ТЕ-9 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол. Сите се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, како и со други мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај ова, со адекватни поднесоци бил заокружен и 21 друг вид прекршок(ТЕ-11 и ГВ-10).
СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохол, зашто на тој начин ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Исто така,да не возат пребрзо, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот и без исклучок да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи-соопштуваат од МВР.