Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.