Во текот на изминатата вечер (21/22.01.2023)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 10 возачи. Од нив 8 на територија на Битола и 2 во Прилеп. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци.

Додека натериторијата на СВР Штип, од страна на полициските службеници биле санкционирани 11 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на личната безбедност и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

By Author