Полициски службеници на СВР Тетово вчера (4 март) од 8 до 20 часот спровеле засилени контролни активности за брзина со која се движат возилата во и надвор од населените места, во кои вкупно биле откриени и санкционирани 186 прекршоци (ТЕ-137 и ГВ-49).Притоа, 103 возачи (ТЕ-79 и ГВ-21) ја пречекориле максимално дозволената брзина во населено место, додека 83 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место (ТЕ-58 и ГВ-25).Од нив, 4 возачи се движеле за повеќе од 70 километри на час над дозволената брзина(ТЕ-3 и ГВ1), а 19 возачи (ТЕ-8 и ГВ-11) пречекориле за 50 до 70 километри на час.На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од тоа- за колку километри на час пречекориле и ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година.Во овие активности,исто така, биле санкционирани и 43 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-22).СВР Тетово со апел до возачите секогаш и секаде да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, со што ќе придонесат за посигурни патишта на подрачјето.