На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа, биле констатирани 92 пречекорување на брзината, од кои 37 на подрачје на Радовиш, 35 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Валандово и 5 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.