На 02.08.2023 во периодот од 08.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 140 прекршувања на брзината, од кои 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија.
Од нив, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 66 во населено место. За време на контролата биле констатирани и 10 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. 

By Author