Соединетите држави денеска воведоа нови санкции кон Русија поради нападот врз Украина, насочени кон операторите во технолошкиот сектор, во обид на Вашингтон да ја спречи Москва да избегне санкции, објави Ројтерс.
Американското Министерство за финансии објави дека воведе санкции за 21 компанија и 13 лица, меѓу кои и најголемиот руски производител на чипови, извозникот „Микрон“.
Санкциите ќе го опфатат рускиот вселенски, поморски и електронски сектор.
Цел на денешниот потег се и „злонамерни сајбер напади“, додаде Министерството.
„Ќе продолжиме да ја погодуваме воената машина на Путин со санкции од сите агли, се додека не заврши оваа бесмислена војна“, рече министерката Џенет Јелен.