Гори магацин за нафта во рускиот град Белгород, а регионалниот гувернер ја обвинува украинската армија дека извршила воздушен напад со помош на два хеликоптери.
Две лица се повредени во пожар што избувна во складиште за нафта во рускиот град Белгород, кој се наоѓа на границата со Украина, изјави денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Жителите на три градски улици мораше да бидат евакуирани, изјави Гладков на Телеграм, јавува Ројтерс, а пренесува Танјуг.
Во средата, во областа се случија четири експлозии во складиште за оружје.
Белгород се наоѓа северно од Украина, долж границата. Украина не презеде одговорност за ниту еден од двата инцидента.