Украина ја обвинува Русија дека го краде нивното житото од окупираните територии.

Товарниот брод „Жибек Жоли“ под руско знаме, за кој се вели дека превезувал украдено украинско жито, го напуштил северозападното турско пристаниште Караса во средата вечерта, покажаа податоците од следењето на бродот „Рефинитив“ јавува Ројтерс.

Украинскиот амбасадор во Турција во неделата изјави дека турските власти го задржале бродот на барање на Украина. Киев ја обвини Москва дека краде жито од териториите заземени од руските сили од почетокот на нападот врз Украина кон крајот на февруари.

Руското Министерство за надворешни работи во средата ги отфрли извештаите за задржувањето на бродот како лажни. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Алексеј Зајцев, изјави дека 7.146 тони тешкиот Zhibek Zoly, за кој украинските власти тврдеа дека пренесува жито од окупираното пристаниште Бердјанск, „биле стандардни процедури“.

Москва претходно постојано негираше дека Русија украла некакво украинско жито.

By Author