Денеска е 66-от ден од војната во Украина.

Лавов: Анџелина Џоли заврши во засолниште поради воздушен аларм
Анџелина Џоли со години беше специјален пратеник на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, но таа дојде во Лавов без учество на ОН. Портпаролот на УНХЦР изјави дека ОН не биле вклучени во нејзината посета на Украина и дека таа отишла таму сама. Таа во Лавов посети ранети деца и сирачиња кои беа евакуирани од регионот на Доњецк.

Додека била во Лавов се огласил аларм, па актерката морала да замине во прифатилиште. Објавена е снимка од нејзиното одење во прифатилиште, каде некој ја прашува Анџелина дали се плаши. Таа рече – не.

Руски авион навлезе во шведскиот воздушен простор
Руски воени авиони накратко го нарушиле шведскиот воздушен простор, соопшти шведската армија.

Авионот АН-30 претходната ноќ бил источно од данскиот балтички остров Борнхолм, а потоа полетал за Шведска. Тој накратко го нарушил шведскиот воздушен простор јужно од провинцијата Блекинге во југоисточна Шведска, а потоа ја напуштил областа.

Шведска и соседна Финска интензивно разговараат за можноста за влез во НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, поради што Русија неколкупати ги предупреди.

Евакуирани повеќе цивили од Азовстал
Вчера се евакуирани повеќе цивили меѓу кои и деца од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, откако беше воведен прекин на огнот, изјави денеска заменик-командантот на Азовскиот полк и еден од украинските војници кој беше заробен во фабриката Свјатослав Паламар.

Засега двете страни го почитуваат режимот за прекин на огнот, додаде тој и посочи дека доцни конвојот за евакуација на цивили.

Како што рече, на договореното место за средба биле донесени 20 цивили, кои биле извлечени од урнатините.

„Се работи за жени и деца. Се надеваме дека овие луѓе ќе пристигнат на договорената дестинација, а тоа е Запорожје, територија која е под контрола на Украина“, изјави Паламар.

By Author