Денеска е 17-ти ден од војната во Украина. Од утринава се слушаат сирени за воздушен напад низ целата земја, вклучително и главниот град Киев. Вчера руските сили го зазедоа градот Волноваха и ги гранатираа Днепар и Луцк.

Локалните медиуми во Украина јавуваат дека по руските напади горат две складишта за нафта во близина на Киев. Едниот магацин бил погоден во градот Василков, 36 километри јужно од главниот град, а другиот во селото Крјачки, наведува Киев Индипендент.

Руските војници досега уништиле 3.491 воена инфраструктура во Украина, изјави во саботата портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесоа руските новински агенции.
Руските сили „ја продолжуваат офанзивата во Украина на широк фронт“, рече Конашенков.

By Author