Испораките на руски гас за Финска беа прекинати утрово во 07.00 часот по локално време, пренесува РИА Новости.

„Увозот на гас преку влезната точка Иматра е запрен“, се вели во соопштението на Гасгрид Финска. Имарта е влезна точка за рускиот гас во Финска.

„Газпром експорт“ вчера ја извести финската енергетска компанија „Гасум“ дека испораките на природен гас за Финска ќе запрат утрото на 21 мај, бидејќи Финска не се согласила да го плати гасот во рубли, соопшти финското Министерство за труд и економија.

Според долгорочниот договор, валута на плаќање е еврото.
„Гасум“ одлучи да покрене арбитражна постапка, бидејќи смета дека руската страна го прекршува договорот со барањето за исплата на гас во рубли, соопшти финското министерство.

„Газпром експорт“ бараше европските земји да ја платат испораката на рускиот гас во рубли поради санкциите воведени поради инвазијата од Москва на Укина.

By Author