Русија секој нареден ден еднострано ќе отвора хуманитарни коридори во областа на специјалната воена операција во Украина, изјави шефот на рускиот Национален одбранбен центар Михаил Мицинзев.
„Официјално објавуваме дека хуманитарните коридори во правец кон Русија ќе бидат еднострано отворени без никакви договори, од 10 часот секој ден“, рече тој, пренесува ТАС С.
Според Мизинцев, безбедноста е загарантирана на териториите под контрола на руските војници.
„Бараме Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ОН тесно да соработуваат со украинските власти на терен за да го информираат населението за оваа руска иницијатива“, рече Мизинцев.