– Руската Федерација, во интерес на спроведување објективна истрага за нападот на истражниот затвор во Јеленовка, кој доведе до смрт на голем број украински воени затвореници, официјално покани експерти од ОН и Меѓународниот комитет на Црвен крст – стои во соопштението.
Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека во гранатирањето на затворот во Јеленовка што во петокот го извршија украинските сили загинале 40 воени заробеници.
Руското Министерство наведува дека украинските војници извршиле напади од повеќецевни ракетни системи ХИМАРС во притворниот центар во Јеленовка, каде се наоѓаат заробените припадници на украинските сили, вклучително и припадници на баталјонот Азов, пренесува РИА Новости.
Потсетуваме дека од 24 февруари Русија спроведува специјална воена операција за денацификација и демилитаризација на Украина.
Владимир Путин нејзината задача ја нарече „заштита на луѓето кои осум години се изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.