Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека 94 руски војници се ослободени од украинско заробеништво, додека Киев објави дека 95 војници се вратени во Украина.

„Во рамките на преговарачкиот процес, 94 руски војници, чии животи беа во опасност, беа ослободени од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското Министерство, пренесува ТАСС.

Во соопштението се додава дека ослободените војници ќе бидат пренесени во воените болници на лекување и рехабилитација.

Началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека 95 украински војници се вратени дома, а меѓу нив има и ранети, пренесе Ројтерс.

By Author