За денеска во 19 часот по руско време се најавени нови протести низ Русија
Во Русија утринава почнаа првите протести против делумната мобилизација која беше наредена од претседателот Владимир Путин. За време на демонстрациите беа уапсени повеќе од 109 лица, соопшти руското движење за заштита на човековите права ОВД-Инфо.
На социјалните мрежи се шират видеа од граѓани кои наводно протестираат на истокот на земјата, во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.
Во меѓувреме се појавија видеа на кои се гледаат наводните први апсења, а се појави и веста дека само во Иркутск се уапсени повеќе од десет лица.
ОВД-Инфо соопшти дека знае дека луѓе се уапсени во најмалку 15 руски градови.
Teлеграф не можеше самостојно да ја потврди автентичноста на овие снимки.
За денеска во 19 часот по руско време се најавени нови протести низ Русија.
– Не треба да умирате за Путин. Потребни сте во Русија и оние кои ве сакаат. За властите вие сте само топовско месо и ќе се потрошите без никаква смисла и цел – им порачаа организаторите на Русите.
Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и неодобрени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „затворска казна до 15 години“.
Претходно опозицијата и активистите повикаа на протести против делумната мобилизација што утринава ја нареди рускиот претседател Владимир Путин.
Извор: Телеграф