Американците се поделени околу кривичното гонење на поранешниот претседател Доналд Трамп, но се чини дека случајот ги зголеми неговите шанси да ја добие републиканската номинација во 2024 година, според анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена вчера.
Трамп води во трката за републиканска номинација со голема разлика, а 58 отсто од републиканците изјавија дека тој е нивниот омилен кандидат.
Анкетата беше спроведена во средата и четвртокот, откако обвинителите во Њујорк во вторникот поднесоа обвинение против Трамп од 34 точки.
Истражувањето покажа дека 49 отсто од Американците сметаат дека е правилно обвинителите да го отворат првиот кривичен случај против американски претседател или поранешен претседател.
Сепак, околу 84 отсто од oние кои самите се опишуваат како демократи рекоа дека обвиненијата се оправдани, додека само 16 отсто од републиканците се согласија.
Околу 40 отсто од републиканците рекле дека тоа ги прави поголеми шансите да гласаат за Трамп во 2024 година, додека 12 отсто рекле дека тоа ги прави помали шансите да го поддржат. Други 38 отсто рекле дека сè што се случило со Трамп немало влијание врз нивното мислење.
Трамп води во трката за републиканска номинација со голема разлика, а 58 отсто од републиканците изјавија дека тој е нивниот омилен кандидат. Тоа е повеќе од 48 отсто во анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена во понеделникот.
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој не влезе во трката, беше втор со 21 процент.
Додека демократите и републиканците се длабоко поделени околу справувањето со случајот, истрагата откри цврсто верување дека Трамп договорил исплати на порно ѕвездата Сторми Даниелс и манекенката Карен Мекдугал за да молчат за наводните вонбрачни афери.
Во истражувањето учествувале 1004 возрасни лица.