На 19.05.2023 во 13.30 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија на криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Б.А.(25) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 00.30 часот на ул.„Круме Волнароски” во Прилеп физички го нападнал А.В.(18) од Прилеп и му одзел личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Исто така, Б.А. бил баран и по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.