На 10.02.2022 во 23.50 часот на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(29) од Битола.
Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по чл.236 од Кривичниот законик.
Кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело и се вратени на сопственикот.
Тој е приведен во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.